Убиен командантот на чеченската вооружена формација, тврдат руски медиуми

Евгениј Писаренко, командантот на чеченската вооружена формација Ахмат, е убиен во борбите во Донбас, објавија руските медиуми повикувајќи се на наследникот на Писаренко, Апта Алаудинов, пренесува Индекс.

Алаудинов во својата изјава им се заблагодари на родителите на загинатиот командант што „воспитале таков херој“.

Рускиот воен дописник Дмитриј Кулко ја пријави и смртта на Писаренко, познат по прекарот Велики.

“Велики беше мој сограѓанин кој служеше во интервентната полиција во Ставропол и доби чин полковник. Кога започна специјалната воена операција, тој отиде на фронтот како војник доброволец за да ги заштити луѓето од Донбас”, напиша Кулко на Телеграм.

Датумот на смртта на Писаренко не беше наведен.

Треба да знаете
Последни објави