Search

Семејството на починатиот Кико, собраните половина милион денари ги донираше за малиот Стефан

По смртта на Кико, собраните средства од хуманитарниот концерт семејството одлучи да ги пренаменети за лекување на Стефан кому му е потребен респиратор.

Станува збор за сума од половина милион денари, со цел ова дете да може да продолжи со животот.

За донацијата објави јутуберот Стефан Лазаров на својот Фејсбук профил.

„Како што најавив пред 2 дена, ова утро од семејство Коцеви е извршена донација во вредност од 500,000 денари.. Ова е од Кико за Стефан. Голем респект од мене за Горан, Катерина и Никица, семејство со вистински вредности, чесно и хумано. Заслужувате многу… а на малиот Стефан му посакувам брзо да се опорави“, напиша Лазаров на својот Фејсбук профил.

Кристијан Коцев-Кико, момчето за кое цела македонска јавност се крена на нозе за да собира донации за негово лекување почина пред една недела. Момчето требаше итно да замине на третман во Турција, но поради влошување на неговата здравствена состојба со неговата ретка болест тоа не се случи. Тој последно се лекуваше во приватна болница во Скопје, каде лекарите се бореа за неговиот живот.

Народот за четири дена собра пари за неговото лекување преку хуманитарната акција, која ја започна јутуберот Стефан Лазаров.

Дваесетгодишното момче Кико имаше ретка и тешка болест, Атаксија-телеангиектазија, која брзо прогресира и за кратко време доведува до сериозна состојба. Откако му се влоши здравствена состојба беше сместен во приватна болница во Скопје.

Треба да знаете
Последни објави