МОН и МОСТ подготвија препораки за изработка на нови наставни програми по предметот историја

На работен состанок помеѓу Министерството за образование и наука и Граѓанската асоцијација МОСТ презентиран е документ со препораки за изготвување на новите наставни програми по предметот историја.

Како што објави МОН, тие се однесуваат на причините кои довеле до започнување на Втората светска војна  и случувањата непосредно пред нејзиниот почеток со акцент на потпишувањето на Договорот Молотов – Рибентроп.  

Документот ќе биде доставен до Бирото за развој на образованието кое е надлежно за процесот на изработка на наставни програми.

-Препораките се очекува да бидат имплементирани од страната на креаторите на наставните програми во иднина. Овој документ, како и анализите кои му претходеа, претставуваат основа за збогатување и подобрување на содржините во наставните програми по Историја за основно и средно образование кои го третираат овој период, засновани на факти, наведува МОН.

Треба да знаете
Последни објави