Search

ВМРО-ДПМНЕ: Али Ахмети да им каже на младите Албанци, како да купат зграда како Соравија без пари како внук му, тогаш ќе му веруваме дека се грижи за нив

ДУИ е криминална дружина, Мерко е потврдено корумпиран од Стејт Департментот, а внуците на Али добиваат милиони само заради „претприемачки дух”.

Али Ахмети да им каже на младите Албанци и Македонци како да купат зграда во центарот на Скопје, како Соравија, без да платат денар како неговиот внук, тогаш ќе поверуваме дека се грижи за нив.

Никој не му верува веќе на Ахмети. Додека ДУИ лажно се претставува, внуците на Али и неговиот син влегуваат во милионски бизниси без пари.

Смешни се повиците дека ДУИ ќе соработува со органите да се истражи криминалот. Стејт Департментот тврди дека Мерко е корумпиран, тоа значи дека имаат докази.

Потребно е ДУИ да оди во опозиција за да се ослободат институциите од притисокот и да може да има вистински истраги.

Треба да знаете
Последни објави