Бегај за Клинтон: Одлуките кои ги донесе за Косово го ставаат на пиедесталот на најдрагите пријатели

Албанскиот претседател Бајрам Бегај реагираше во однос на посетата на поранешниот претседател Бил Клинтон на Албанија, наведувајќи дека „Албанците се вечно благодарни за се што Клинтон направи за нашиот народ, особено за Косово“.

Во објава на Фејсбук Бегај наведува дека одлуките што ги донел Клинтон за иднината на Косово го поставиле на пиедесталот на најдрагите пријатели.

-Добредојдовте во Тирана претседателе Клинтон! Албанија и Албанците ви се вечно благодарни за се што направивте за нашата нација, а особено за Косово. Вашето одлучување и лидерство во најодлучувачките денови за иднината на Косово ве поставија на пиедесталот на нашите најдраги пријатели. Ви благодарам од се срце, пишува Бегај.

Клинтон доцна попладнево допатува во Тирана а на аеродромот го пречека премиерот Еди Рама, на чија покана ќе престојува во дводневна посета.

Вечерва на посебна свеченост пред владата со присуство на граѓани тој на Клинтон ќе му го врачи високото признание „Ѕвезда на благодарност за јавни достигнувања“.

Ова е прва посета на Клинтон на Албанија. 

Треба да знаете
Последни објави