Search

Познато е колку ќе заработува Меси во Интер Мајами

Лионел Меси го затвори клупското прашање и во иднина ќе го носи дресот на МЛС составот Интер Мајами. Аргентинецот имаше можност да се врати во Барселона, имаше неверојатна понуда од Саудиска Арабија, ама неговиот избор беше преселба во САД каде ќе може да живее помирен живот и едноставно полека, но сигурно да ја приведе кариерата кон самиот крај.

Ко-сопственикот на Интер Мајами, кубанско-американскиот бизнисмен Хорхе Мас зборуваше за платата која еден од најдобрите фудбалери на сите времиња Аргентинецот Лионел Меси, ќе ја заработува Интер Мајами, со кого минатиот месец потпиша договор.

Одлуката на аргентинскиот репрезентативец да ја напушти Европа и да прифати понуда од САД изненади многумина.

-Според договорот, Лео ќе заработува меѓу 46 и 55 милиони евра годишно. Поминавме многу време во преговори со играч од тоа ниво. Бев во редовен контакт со неговиот татко Хорхе, а Дејвид Бекам разговараше со Лео само за фудбалот, бидејќи и самиот беше професионален играч. Никој не сакаше да врши притисок врз Меси и разговаравме во Барселона, Мајами, Росарио и Доха, изјави Мас.

Треба да знаете
Последни објави