Search

Жестоки борби се водат на линијата на фронтот во источна Украина

 Руските сили напредуваат во четири области долж линијата на фронтот во источна Украина каде се водат „жестоки борби“, изјави денеска украинската заменик-министерката за одбрана Хана Малиар.

-Непријателот напредува во областите Авдивка, Маринка и Лиман, напиша Малиар на Телеграм, додавајќи дека руските сили напредуваат и во областа Сватово.

Според неа, ситуацијата е „прилично тешка“ и на тој простор се водат „жестоки борби“. Таа посочи дека украинските сили напредуваат со „делумен успех“ јужно од Бахмут, како и во близина на Бердјанск и Мелитопол на југ. Малиар информира дека на југ, украинските сили наидуваат на „интензивен непријателски отпор“, како и на мински полиња и дека напредуваат „постепено“. Украинските сили „континуирано и неуморно работат на создавање услови за најбрз можен напредок“, додаде Малиер.

Треба да знаете
Последни објави