Утрово, од тим на Центарот за управување со кризи беа поминати и разгледани повеќе критични точки за можни одрони и нестабилни карпи на автопатот Скопје – Велес, при што беа забележани на повеќе локации мали карпи и камења, кои, иако се заштитени со мрежи, можно е да се стркалаат на брзата сообраќајна лента, предупреди Центарот за управување со кризи.
„По нашето неодамнешно укажување за опасност, јавните претпријатија за државни патишта и за одржување и заштита и магистрални патишта препорачливо е да направат стручен надзор и да ја санираат и обезбедат состојбата на критичните места за одрони“, велат од ЦУК.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/06/karpa-3.jpg)
ЦУК вчера укажа на опасност за учесниците во сообраќајот од карпа што виси над автопатот Скопје – Велес, на делот по патарината пред Велес, а по првиот тунел.
За оваа опасна карпа, на бројот за итни случаи 112 во ЦУК има повеќе пријави од граѓани.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/06/karpa-1.jpg)