Search

Јакимовски по изјавата на Мицкоски: Да се воведе задолжителен психијатриски преглед за „лидерите“ на партиите

„Со новиот изборен закон мора да се воведе задолжителен психијатриски преглед за „лидерите“ на секоја политичка партија! До каде отиде вечерва во додворувањето кон американците лидерот на ВМРО-ДПМНЕ!“, реагира шефот на ГРОМ и градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски на интервјуто на Мицкоски за Канал 5.

Предлага да ја примиме Украина во НАТО, да го активираме член 4 и да влеземе со војска во Украина на фронт со Русија. Какво увлекување, поголем Католик од Папата‼️

Америкаците внимаваат со реториката за влегување во војна со Русија, а тој диретно ќе војувал и предлага да испратиме наша, македонска војска‼️

Што да испраќаме војска нека оди тој како доброволец. Не е престарен има 45 години. Во кондиција е, секој ден ака по Водно, очекувам дека ќе го распределат во јуришна бригада да го форсира Дњепар зошто не може да потоне оти е многу лесен“, додаде Јакимовски.

Треба да знаете
Последни објави