Слободан Трендафилов е новиот претседател на Сојузот на синдикати на Македонија. Тој е избран по денешниот Конгрес што се одржа во Скопје. Трендафилов беше единствен кандидат за претседател на ССМ.
![](https://mia.mk/articles/images/%D1%81%D1%81%D0%BC%D0%B8%D0%B7%D0%B1%D0%BE%D1%80/h3XMyhKb4/large.webp)
Конгресот започна со едноминутно молчење во знак на почит кон прерано починатиот претседател на ССМ Дарко Димовски и неговите заложби за синдикалното делување.
Димовски ја извршуваше функцијата претседател на ССМ од декември 2017 година, а претходно беше претседател на Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално- станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва (СУТКОЗ).