Search

САД го осудија палењето на Куранот во Шведска

Портпаролот на американскиот Стејт департмент, Мет Милер, денеска изјави дека САД го осудуваат палењето на Куранот пред џамија во Шведска, но изјави и дека издавањето дозвола за демонстрации е поддршка за слободата на егзистенција, а дека не е одобрување на такво дејствие.

Милер рече дека Вашингтон верува дека демонстрациите создале „средина на страв“ што ја ограничува способноста на муслиманите слободно да ја практикуваат својата вера.

„Сметаме дека демонстрациите создадоа средина на страв што ќе влијае на способноста на муслиманите и на припадниците на другите верски малцински групи слободно да го остварат своето право на слобода на вероисповед или верување во Шведска“, рече Милер.

Тој избегна да одговори на прашањето дали демонстрациите и нивните последици ќе имаат влијание врз односите меѓу Турција и Шведска, а со тоа и врз нејзината кандидатура за членство во НАТО, но го повтори ставот на Вашингтон дека оваа нордиска земја е подготвена да се приклучи на Алијансата.

„Време е да се продолжи кон целосно пристапување на Шведска во НАТО“, рече Милер.

Еден од двајцата организатори на вчерашниот собир, чие одржување го дозволи шведската полиција, искина и запали копија од Куранот пред централната џамија во Стокхолм.

Околу 200 луѓе гледале како маж кине страници од копија од Куранот и ги брише чевлите со нив, а потоа ставил парче сланина врз книгата и ја запалил.

Шведската полиција даде дозвола да се одржи протестот против Куранот, но подоцна го обвини демонстрантот дека агитирал против етничка или национална група.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја осуди Шведска за палењето на Куранот во Стокхолм и рече дека Турција никогаш нема да потклекне пред политиката на провокации или закани.

Шведска поднесе барање за членство во НАТО по почетокот на војната во Украина, но Турција сè уште го нема ратификувано пристапниот документ, што мора да го направат сите сегашни членки на Алијансата, бидејќи смета дека Шведска обезбедува „засолниште“ за луѓето кои Анкара ги смета за терористи и чија екстрадиција бара.

Треба да знаете
Последни објави