Search

Митева: Откако е СДС на власт струјата се покачи 50%, од утре за сметка од 5.500 денари ќе се плаќаат над 6.000 денари 

Интегрален текст од прес конференција на Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Со СДС и ДУИ од 2017 година до денес струјата поскапе за повеќе од 50%. Не поминува година, а да нема покачување. СДС удира по народот, за да го полни буџетот кој го трошат на тендери и криминали.

Од утре граѓаните ќе плаќаат поскапа струја затоа што власта го зголемува ДДВто од 10 на 18%. Покачувањето е само заради тоа што власта сака да собере повеќе пари во буџетот, кој со години го краде.

Со утрешното покачување на цената на струјата, а според блоковите кои ги воведоа СДС, граѓаните кои паѓаат во вториот блок ќе плаќаат за 2,88 отсто поскапа струја, во третиот блок зголемувањето ќе биде 9,99 отсто, а во четвртиот блок зголемување од 9,87 отсто.

Во просек најголемиот број домаќинства ќе имаат зголемување од 2.88% и 9.99%. Тоа би значело дека на сметка од 5.500 денари покачувањето ќе биде над 500 денари. И сметките за јули, наместо како досегашните 5.500 денари, ќе бидат над 6.000 денари.

СДС ветуваа поевтина струја, а граѓаните денес плаќаат поскапа струја од било кога порано.

Парите од утрешното покачување ќе завршат во буџетот, но власта на СДС и ДУИ ќе може да ги троши на договори во четири очи и криминални тендери.

И за сиот овој период, додека собираат милиони во буџетот по основи на даноци од сметки за струја, инвестициите во нови енергетски капацитети се нула. Не за џабе и ДЗР излезе со заклучок дека Македонија нема енергетска одржливост на долг рок.

Инвестициите во енергетиката требаше да се случат уште пред 5 или 6 години, а секое дополнително одложување ќе значи поскапа струја секоја година во година.

ВМРО-ДПМНЕ има план за енергетиката, затоа потребни се промени, за ударите по џебот на народот да завршат.

Треба да знаете
Последни објави