Search

Министерот Алиу во Брисел го потпиша Договорот за партнерство во програмата „Дигитална Европа (2021-2027)“ со ЕУ

Северна Македонија и Европската Унија потпишаа Договор за партнерство во програмата „Дигитална Европа (2012-2027)“.

Договорот во Брисел го потпишаа министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу и претставници на Европската комисија, соопшти МИОА.

Министерот Алиу на церемонијата на потпишување се заблагодари за поддршката што ЕУ и ја дава на Северна Македонија.

– Денес нашите партнери, кои застанаа покрај нас за време на дигиталната револуција и предизвикувачките реформи, ја ценат посветеноста на Министерството за информатичко општество и администрација, за ова значајно достигнување, дигиталната трансформација што донесе транспарентност на јавната администрација преку дигитализацијата. на јавните услуги. Нашата Влада останува решена да ја продолжи дигиталната трансформација со барањата и параметрите на ЕУ. Овој важен договор ја покажува посветеноста на Северна Македонија за унапредување на дигиталната инфраструктура и прифаќање на можностите на дигиталната ера, изјави Алиу.

Програмата „Дигитална Европа“, како што посочуи, ќе обезбеди стратешко финансирање за одговор на овие предизвици, поддржувајќи проекти во пет клучни области на капацитет: во суперкомпјутер, вештачка интелигенција, сајбер безбедност, напредни дигитални вештини и обезбедување на широка употреба на дигитални технологии во економијата и општеството, вклучително и Дигитални иновативни центри“.

Треба да знаете
Последни објави