Search

Ковачевски: Ќе побараат ли ДПМНЕ и Ковачки оставка од Мицкоски за случајот Скопје 2014?

Во одговор на пратеничко прашање на денешната собраниска седница,, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски посочи дека утрово во судски предмет поврзан со проектот Скопје 2014 се процесиурани поранешни високи функционери на ДПМНЕ и го праша пратеникот Драган Ковачки дали поради тоа ќе побара оставка од неговиот шеф, Христијан Мицкоски. 

„Дали вие како пратеник ќе побарате оставка од вашиот претседател на партија со оглед на тоа дека утрово се процесирани градоначалник од ваши редови, министер за финансии од ваши редови, почесен претседател на партија од ваши редови за сериозен извршен криминал? Дали вие ќе поднесете оставка или ќе побарате оставка од вашиот претседател? Тоа е исто легитимно прашање.” порача Ковачевски.

Треба да знаете
Последни објави