Search

Битиќи: АДА два месеци дигитално ги услужува граѓаните

Фејсбук статус на Фатмир Битиќи

Пред два месеци го пуштивме во употреба првиот дигитален асистент во јавниот сектор – АДА која секојдневно дигитално ги услужува граѓаните. АДА е материјализирање на промената која на сите ни е потребна. Постојано зборуваме за дигитализација, транспарентност, ефективност и ефикасност во јавниот сектор и еве ја. Во едноставна дигитална алатка, достапна за сите. АДА е резултат на имплементирање на забелешки од извештај на Стејт департментот за борба со корупција, во кој стоеше дека делењето на државна помош е една од точките кои се извор на корупција и дека транспарентноста е клучна за сузбивање на оваа појава – денеска го имаме одговорот, ја имаме АДА – дигитален асистент базиран на вештачка интелигенција за потребите на програмите за државна помош на Владата.
Граѓаните на едно место, 24/7 добиваат информации за условите за инвестирање во нашата земја и државната помош која ја нудиме, како и програмите преку фондот за иновации и технолошки развој.

Зборувај со АДА на https://ada.gov.mk/mk

Треба да знаете
Последни објави