Аџиоски: Кога ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт дното ќе си биде дно и таму ќе се најдат низа владини функционери

Писмени опомени имало за Бујар Османи и поранешниот министер за животна средина Насер Нуредини за користење на службените автомобили за приватни цели, објасни на денешната седница на Собранието, пратеникот Мирче Аџиоски од ВМРО-ДПМНЕ оти ова го добил како одговор на прашањето до вицепремиерката Славица Грковска за кои владини функционери Државната комисија за спречување на корупција има доставено иницијатива за одговорност и како е постапено по истите.  
Аџиоски  укажа дека пак од сите документи, кажувања во јавност најмногу погоден се нашол првиот вицепремиер Артан Груби.
„Најмногу погоден се најде првиот вицепремиер Артан Груби  кој жестоко ја нападна претседателката на Антикорупциска бидејќи му смета што излегува во јавност за нивните криминали. Груби жестоко ја нападна и и кажа дека не ги бива и оти немаат капацитет. На ова таа пак му одговори кога се е испревртено дното станува површина”, кажа Аџиоски.
Аџиоски порача дека еден ден дното ќе е на свое место, а таму ќе се најдат низа на актуелни функционери од Владата на ДУИ и СДСМ.

Треба да знаете
Последни објави