Search

Само Мицкоски и Бугарија се незадоволни од силната поддршка на Германија и Шолц за земјава

Секој кој барем малку ѝ мисли добро на македонската држава и на македонскиот народ искрено ја поздравува и се заблагодарува на силната и јасна поддршка од Германија и канцеларот Олаф Шолц за земјава и за македонскиот идентитет. Тоа не е случај со Христијан Мицкоски и ДПМНЕ.

Само Бугарија и Мицкоски се на иста страна, незадоволни од поддршката на Германија, велат во реакцијата од СДСМ и додават:

-Тоа што Мицкоски ја потценува силната поддршката на Германија и Шолц зборува за него. 

Ако не е голема работа признавањето на македонскиот јазик во ЕУ чуму беа лагите, протестите и хистериите за бугаризација и асимилација?

Пречестото менување ставови од страна на Мицкоски, за европската иднина на земјава, за македонскиот јазик, не говори добро за него и покажува дека можеби е целосно загубен.

Но, тоа е негов проблем. Нека се стабилизира и нека се пресмета.

Што се однесува до изборите, тоа јасно му беше понудено на Мицкоски, прво заедно да ги изгласаме уставните измени, а потоа да се спроведат парламентарните избори. 

Мицкоски има единствена прилика да се приклучи на процесот на реализација на стратешката цел – членство во ЕУ. 

Ако ја прокоцка и оваа шанса, тогаш дефинитивно ќе биде запаметен како заложник на Апасиев, како полиитичар кој секогаш, без исклучок, не поддржал ниту една одлука за иднината на земјата и правел се за да го закочи напредокот на државата. 

Изборот е пред Мицкоски, ќе ја поддржи државата или ќе биде деструктивниот политичар, кој наместо за државните и националните, работел за нечии туѓи интереси.

Треба да знаете
Последни објави