Search

Арсовска: По три децении се реализира водоснабдување во 7 населени места општина Сарај 

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети, денеска го најавија отпочнувањето на градежните активности за реализација на проектот за подобрување на системот на водоснабдување на 7 населени места Рашче, Копаница, Бојане, Буковиќ, Ласкарце, Семеништа и Чајлане, во општина Сарај.

Градежните активности започнуваат со изградба на нова препумпна станица во близина на Рашче, потисни цевководи кон Копаница и Бојане, како и изградба на резервоар во Копаница со капацитет од 600 кубни метри. 

– Со реализацијата на овој проект се реализира ветеното водоснабдување на населените места Рашче, Копаница, Бојане, Буковиќ, Ласкарце, Семеништа и Чајлане во кои се скоро половина од вкупниот број на население на општина Сарај. За решавање на овој долгогодишен проблем во овој дел од градот, инвестираме над 3 милиони евра, а жителите на општина Сарај добиваат поквалитетно водоснабдување. Се грижиме за сите граѓани подеднакво и инвестираме во обезбедување на квалитетни услови за живот во секоја општина и населено место во градот – изјави Арсовска. 

Градоначалничката Арсовска истакна дека Градот Скопје континуирано работи на подобрување на водоснабдувањето во градот согласно ветените проекти од програмата „За модерно Скопје”, каде што решавањето на проблемите со водоводната мрежа е еден од приоритетите.

Треба да знаете
Последни објави