Search

Потврдена смртта на глумецот Џулијан Сендс

Мртво тело пронајдено на планината Балди во јужна Калифорнија е идентификувано со британскиот глумец Џулијан Сендс, кој пет месеци се водеше за исчезнат откако заминал на планинарење. 

Шерифот на Округот Сан Бернандино потврди синоќа дека останките се на исчезнатиот 65-годишен актер, жител на Лос Анџелес. Истрагата сѐ уште утврдува како настапила смртта. Телото на Сeндс било откриено во саботата од љубители на пешачењето во природа. Планината е дел од масивот Сан Гејбриел што е на 80 километри од Лос Анџелес. 

Калифорнија зимата беше погодена од досега незабележани бури предизикани од доста смртоносни поплави и лизгање на земјиштето. 

Си-би-ес јави дека два дена пред исчезнувањто на Сeндс, мајка на четири деца загинала во лизгање на земјиштето на планината Балди. А, 75-годишник се загубил во планината и бил најден и спасен по два дена. 

Беа организирани неколку потраги по Сeндс – последната на 17 јуни. Полицијата потврди дека, поради „екстремни алпски услови“, некои места на планината се недостапни. 

Сeндс се појави во десеттина филмски и телевизиски улоги, вклучувајќи ги „Соба со поглед“, „Напуштање на Лас Вегас“, „Полиња за убивање“ и други. Беше оженет со новинарката Евгенија Ситковиц и има три возрасни деца. 

Треба да знаете
Последни објави