Search

Пакистанските безбедносни сили го убиле командантот на Исламската држава во неговото скривалиште

Пакистанските безбедносни сили денеска го убиле командантот на Исламската држава Шафи Ула и уште двајца милитанти за време на рација на нивното скривалиште во Баџаур, област во провинцијата Хајбер Пахтунхва во близина на границата со Авганистан, соопшти армијата. 

Армијата изјави дека Ула е еден од тројцата убиени екстремисти.

По него трагаше пакистанската Влада, која тврди дека учествувал во напади врз безбедносните сили и дека учествувал во убиства на цивили. Во рацијата било запленето поголемо количество оружје и муниција.

Во последниве години, пакистанската војска изврши повеќе операции во појасот долж границата со Авганистан, што со децении служеше како безбедно засолниште за локалните и странските милитанти.

Сепак, терористите продолжуваат да вршат напади во регионот.

Треба да знаете
Последни објави