Search

Меѓународна научна конференција „Крсте Мисирков и македонскиот јазик – извор на научни истражувања“

 Во рамки на Отворените денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, денеска ќе се одржи VIII меѓународна научна конференција „Крсте Мисирков и македонскиот јазик – извор на научни истражувања“.

Најавени се обраќања на претседателот на државата Стево Пендаровски, на директоркат на Институтот Елена Јованова-Грујовска и на претседателката на МОО Лидија Тантуровска. 

На настанот ќе биде промовиран Зборникот од VII мeѓународна научна конференција „Македонскиот јазик – извор на научни истражувања“. Промотор ќе биде проф. д-р Лидија Аризанковска. 

Треба да знаете
Последни објави