Search

Аџиоски:Криминалот, корупција и дивеењето од страна на Рамиз Мерко стружани ги чувствуваат многу одамна

Мирче Аџиоски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во рамки на акцијата Пораки од реалниот живот – Ова е Македонија на денешната трибина „Криминал и корупција” зборуваше за како функционира судството во Република Македонија, при што јасно укажа дека оваа влада предводена од СДС и ДУИ, која 6 години е на власт, ништо нема направено за судството да се искачи на некое повисоко скалило, и граѓаните да имаат повисока доверба во него.

-Во Собранието во последните 6 години нема никакви предлози за реформи во судството од страна на власта. 6 години се на власт, СДСМ имаа можност овие 6 години да го реформираат судството, да го искачат на едно повисоко скалило, за граѓаните да имаат многу поголема доверба, отколку од оваа сега што ја гледаме од 3 % која ја имаат, 3% доверба во обвинителството. Сето тоа се гледа и низ случувањата низ Собранието што се случува на начинот на избор на членови на Советот на јавни обвинители кои во моментот се случува на Комисијата за избори и именувања, изборот на уставни судии, изборот првенствено на Кацарска како предлог за уставен судија и следните три предлози за избор на судии во Уставниот суд меѓу кои беше и актуелниот јавен обвинител Љубомир Јовески. Јовевски за да дојде до избор и за да го изберат во Собранието, да му дадат поддршка власта гледаме молчи за сите постапки кои излегуваат во јавноста, како и од меѓународната заедница, од САД, но јавното обвинителство гледаме дека молчи се со цел како Љубомир Јовевски да стане уставен судија, рече тој.

Аџиоски во текот на своето обраќање се осврна и на последниот скандалозен случај со Рамиз Мерко и потенцираше дека стружани не беа изненадени од сето тоа затоа што тие години наназад живеат со сите овие криминали, корупција што се случуваат во Струга.

-Градоначалникот Мерко има 6 активни пријави, најголемиот дел се по членот 353 за злоупотреба на службена должност. Претходно имало и многу постапки кои што завршиле, прекинале, не се постапупувало по многу постапки кои што произлегле по несовесното работење на градоначалникот. Во акцијата „Ова е Македонија за сите”, со стружани зборувавме дека во Струга најмногу се чувствува заробена држава, затоа што во Струга покрај заробената држава во која што живееме овие 6-7 години, се живее во заробена држава уште од 2005 кога ДУИ ја презеде преку Рамиз Мерко општината. Затоа можам да кажам дека и стружани не беа изненадени од последната црна листа на која што се најде и градоначалникот на Струга бидејќи тие живеат долги години наназад со сите овие криминали, корупција што се случуваат во Струга се сето она да речам дивеење, непочитување на закон и таквото однесување на Рамиз Мерко и беа свесни за сето тоа и ова дојде како потврда на сето она кое долги години го зборуваат и граѓаните и ние како политичка партија, кажа тој.

Пратеникот Аџисоки на крај порача дека премиерот Ковачевски наместо да се амнестира од целиот овој случај со Мерко треба да преземе мерки и да се реши овој случај.

-Не верувам дека ќе има оставка од страна на Рамиз Мерко. Оставка од негова страна бара и албанската опозиција и Алијанса за Албанците излезе БЕСА, Алтернатива, ние како ВМРО-ДПМНЕ, сите бараат оставка. Од друга страна гледаме премиерот кој што можеби е клучен во овој процес кој што треба да побара оставка се амнестира од целата работа и кажува дека ” Јас да бев на негово место ќе си поднесеов оставка”, наместо да преземе мерки и да се реши тој случај, заклучи Аџиоски.

Треба да знаете
Последни објави