Search

Лесор е нов играч на Панатинаикос

Поранешниот кошаркар на Партизан, Французинот Матијас Лесор е ново засилување за Панатинаикос, приклучувајќи му се на Лука Вилдоза, кој неодамна пристигна од Црвена звезда во новиот силен тим предводен од тренерот Ергин Атаман.

Лесор во 2017 беше избран како 50. пик на НБА-драфтот од Филаделфија 76ерс, но не заигра во НБА, со настапи во Црвена звезда, Уникаха, Баерн Минхен, Монако и Макаби, пред да пристигне во Партизан пред две години.

Треба да знаете
Последни објави