Search

Ковачки: Ковачевски е послушник на ДУИ, наместо да го осуди и побара расчистување на случајот со Дрин Ахмети, тој го брани

Aко сакаме Македонија да напредуваме кон Европска Унија тогаш борбата со корупција треба да биде на прво место. Затоа што никој не сака да седи со корумпирани политичари на маса, кажа Драган Ковачки член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата Заспиј ако можеш, коментирајќи ги низата скандали на власта и функционери на ДУИ, кои се фатени инфлагранти во корупција.

„Наместо власта да се бори со корупцијата и да излезе со став за осуда и да за расчистување на случаите за внукот на Ахмети, тие излегуваат со напади кон ВМРО-ДПМНЕ зошто сме ги објавиле случаите”, дециден е Ковачки.

Тој потенцираше дека најголемите бранители на ДУИ и Али Ахмети во моментов се СДС и Ковачевски.

Ковачки запраша каде се Копенхашките критериуми во делот на економските слободи, дали некој имал право да учествува во купувањето на „Соравија” и дали секој еден имал фер шанса или само внуци на Али Ахмети?

„Истиот внук Дрин Ахмети има добиено лиценца за варовник во времето на претходната влада на СДС и ДУИ и сега истата фирма што има добиено тендер за достава ма варовник на ЕСМ. Таа фирма склучува купопродажен договор со ЕСМ и ова за Ковачевски е неважно”, вели Ковачки.

Ковачки заклучи дека Ковачевски докажал дека е заложник во неговата Влада и дека сето тоа што го говори нема никаква намера да реагира.

Треба да знаете
Последни објави