Search

ВТА со план за еднакви награди во тенисот за мажите и жените до 2033 година

Женската тениска асоцијација (ВТА) го откри својот план за преуредување на професионалната женска турнеја за да се вклучат еднакви награди на женските и машките турнири, со цел таа еднаквост да се постигне до 2033 годдина.

Први на програма се ВТА 1000 турнирите, кои постепено ќе го зголемуваат фондот за награид на тенисрките, за комбинираните турнири да имат еднаквост до 2027, додека ВТА 500 турнирите да се изрмнат со машките АТП турнири до 2033.

Четирите гренд слем турнири даваат еднакви награди од 2007 година, кога Вимблдон, конечно, се согласи на ваков гест, но на повеќето комбинирани турнири има драстична разлика во парите – на пример на Италија опен во Рим, на машкиот турнир имаше награден фонд од 8.637.966 долари, додека женскиот турнир имаше награден фонд од 3.572.618 долари.

Треба да знаете
Последни објави