Search

(Видео) Во Словенија камион налета на колона возила на влез во тунелот „Малечник“ и направи сообраќајен хаос

На влезот во тунелот „Малечник“ кај Марибор, камион налета на цистерна и колона автомобили. Се запалиле неколку возила, за среќа, немало жртви или сериозни повреди.

Камионот возел по обиколницата во Марибор во правец кон Австрија и налетал на колона возила, која бавно се движела.

Тунелот е тешко оштетен и се проценува дека извесно време нема да биде во функција.

На теренот имало дури 120 пожарникари.

Треба да знаете
Последни објави