Search

Британец починал на одмор откако се обидел да испие 21 коктел од менито во хотелскиот бар: роднина ја опишaл агонијата

53-годишен маж од Британија починал на одмор во Јамајка откако се обидел да испие 21 коктел од менито во барот. Тимоти Саутерн починал во мај 2022 година, откако го прифатил предизвикот да пие алкохол во хотелскиот бар покрај базен.

53-годишникот бил на одмор со својата сестра, децата и другите роднини кога се случила трагедијата. Тимоти Саутерн, од Личфилд, Стафордшир, испил 12 коктели кога отишол во својата соба.

„Беше на грб и се гушеше. Го ставив во положба за опоравување, повраќаше, барав помош, го прашував како се вика“, раскажува роднината.

Кога пристигнала медицинската сестра, очекувале да се грижат за пациентот и да го однесат во болница, но тоа не се случило.

„Забележав дека почна да се лади. Му го проверив пулсот и не можев да го најдам. Го погледнав во лицето и помислив дека починал. Почнав да и викам: не седи само да го гледаш, почни со реанимација“, вели роднината.

Според него, била направена само компресија на градниот кош.

„Можеби да знаеше што прави, можеби тој сепак ќе беше тука и жив. Услугата и третманот што го доби беа лоши“, тврди роднината.

Истрагата утврдила дека Тимоти веќе пиел ракија и пиво утрото кога се сретнал со две Канаѓанки кои се обидувале да го завршат предизвикот од 21 коктел пред полноќ, за да прослават еден од нивните родендени.

Патолог од Кингстон, Јамајка, ја навел причината за смртта како „акутен гастроентеритис поради консумирање алкохол“.

По неговата смрт, семејството собрало речиси 10.000 фунти за да го вратат во ОК откако дознале дека патничкото осигурување што мислеле дека го има преку неговата банка всушност не ги покрива трошоците.

Треба да знаете
Последни објави