Search

Блинкен телефонски му честитал на Мицотакис за победата на изборите

Потребата за задржување на стабилноста во Источниот Медитеран, ја истакнале американскиот државен секретар Ентони Блинкен и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на нивниот телефонски разговор, јави дописничката на МИА од Атина. 

Како што соопштија од кабинетот на грчкиот премиер, Блинкен му се јавил на Мицотакис да му ја честита победата на изборите и изразил надеж дека ќе продолжи соработката со грчката Влада, како на билатерално ниво, така и во рамките на НАТО.

Мицотакис вчера, како што објави МИА телефонски разговарал и со турскиот претседател и германскиот канцелар, кои исто така му се јавиле за да му ја честитаат победата на изборите во неделата. 

Треба да знаете
Последни објави