Search

Стигна новиот ДУП за Лисиче, Општина Аеродром не се откажува од изградба на згради

Општина Аеродром на својата веб страница го прикажа ревидираниот Предлог-ДУП за Лисиче ЈИ09.01 (може да го видите на следниот ЛИНК).

Од она што може да се види е дека на во тој дел од општината нема да се градат девет висококатници, сега тие се заменети со две згради од 12 и од 5 ката, но ќе има и шест куќи со по четири ката.

Првиот предлог ДУП за населбата Лисиче ги крена на нозе жителите од ова населено место па преку масовно поднесување анкетни листови и протести го изразија својот револт, по што спорниот ДУП беше повлечен а од општина Аеродром рекоа дека ќе достават нов предлог план во кој ќе се вметнат и забелешките на граѓаните.

Граѓаните на неколкуте протести бараа на тој простор во општината воопшто да нема згради, но очигледно дека општината и градоначалникот Муцунски не се откажуваат целосно од првичната идеја за изградба на згради на соодветните парцели.
Јавната анкета за новиот ДУП ќе се одржи од 03.07. до 10.07, а јавната презентација на планот е закажана на петти јули.

Треба да знаете
Последни објави