Зеленски телефонски разговарал со Бајден за бунтот на „Вагнер“ во Русија

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека синоќа телефонски разговарал со неговиот американски колега Џозеф Бајден за саботниот бунт на руската паравоена група „Вагнер“ во Русија.

„Разговаравме за текот на непријателствата и „процесите“ што се случуваат во Русија. Светот мора да изврши притисок врз Русија додека не се воспостави меѓународниот поредок“, објави украинскиот претседател на социјалните мрежи, поздравувајќи го „позитивниот и инспиративен разговор“ со Бајден.

„Лидерите разговараа за неодамнешните настани во Русија“, потврди Белата куќа во соопштението.

Зеленски додаде дека со Бајден исто така разговарале за натамошно продлабочување на соработката во областа на одбраната, со фокус на оружјето со голем дострел. 

Треба да знаете
Последни објави