Search

ЈП Лајка: Заловување на бездомни кучиња во општина Центар

Би сакале да Ве известиме дека оваа работна недела, заловувачкиот тим на ЈП Лајка ќе започне со стратешко заловување во општина Центар.

Имено, нашиот тим на заловувачи оваа недела (26 – 30 јуни) ќе заловува во општина Центар.

Заловувачкиот тим ќе го залови секое бездомно куче кое што ќе го сретне во овој реон а кое го нема поминато хуманиот третман.

Заловувачкиот тим ќе ги посети следниве локации: Пролет, Маџир Маало, Крњево, Ново Маало, Тасино Чешмиче, Панорама, Водно, Капиштец, Буњаковец, Дебар Маало и Градски Парк.

Доколку граѓаните од гореспоменатата општина имаат бездомно куче кое сакаат да го посочат на тимовите или да го донесат директно во ЈП Лајка, нека се јават на 02 256 5859 / 071 219 925 или нека пријават на info@lajka.com.mk

Треба да знаете
Последни објави