Search

(Фото) Кулушевски на уживанција во Охрид

Поранешниот младински македонским фудбалски репрезентативец, Дејан Кулушевски кој сениорската кариера одбра да ја продолжи во државниот дрес на Шведска, деновиве се одмора во прекрасниот Охрид, градот од каде потекнуваат неговите родители. Кулушевски е играч на англискиот фудбалски премиерлигаш Тотенхем.

Во „Балканскиот Ерусалим“ како уште го нарекуваат Охрид, Кулушевски летуваше и во 2020 година, кога направи трансфер во италијанскиот калчолигаш Јувентус.

Во друштво на Кулушевски и неговиот пријател, фудбалерот на англискиот премиерлигаш Брајтон, Јасин Ајари. Од сликите и видео-записите кои се постирани по социјалните мрежи може да се забележи дека друштвото на Кулушевски ужива во Охрид и неговата околина со правење скара, посети на цркви, возење со глисер и капење во езерските бистри води …

Треба да знаете
Последни објави