Search

Судир на четири камиони во Словенија, 120 пожарникари го гасеа пожарот

Во Словенија дојде до тешка сообраќајна несреќа во тунелот Малечник поради судир на четири камиони, а во гаснењето на пожарот учествувале дури 120 пожарникари.

На социјалните мрежи се појави снимка од несреќата на која се гледа камион кој не држел дистанца и не ги почитувал сообраќајните прописи.

Во судирот учествувале четири камиони, а по судирот избил голем пожар. Жртви нема, а едно лице е полесно повредено.

Едниот камион превезувал автомобили, а другиот калциум карбонат. На лице место интервенирале 120 пожарникари од дури 33 возила.

Треба да знаете
Последни објави