Search

Средба за соработка на пратенички групи од Полска и Македонија

Прашањата за продлабочување на билатералната и економска соработка, полноправно членство во НАТО алијансата, пристапување на Северна Македонија кон ЕУ семејството, уставните измени, проширувањето на ЕУ, како и форматот „Трите мориња“, беа во фокус на денешната средба во Собранието на Пратеничките групи за соработка Полска-Северна Македонија.

Делегацијата од Полска беше предводена од Ришард Терлецски, заменик-претседателот на Сејмот и претседател на Полско-балканската парламентарна група и Анита Червињска, претседателка на Пратеничката група за соработка Полска-Северна Македонија, и членовите. Од наша страна покрај Фаница Николоска, претседателка на Групата, беа присутни и членовите: Марија Петрушевска, Јадранка Поцкова, Емилија Рамбабова и Мирослав Јовановиќ.

Претседателката на Групата, Николоска, изрази задоволство од реализација на средбата, која е доказ дека двете држави долги години градат пријателски однос. Исто така, таа посочи дека особено ја цени поддршката што Полска ѝ ја дава на земјава на евроинтегративниот пат, како и унапредување на соработката во оние области во кои имаме најголем интерес.

Терлецски, заменик-претседателот на Сејмот од своја страна уште еднаш ја реафирмираше полската посветеност за што поскорешно пристапување на Северна Македонија во ЕУ, и покрај тоа што тој пат не тече толку лесно треба да се забрза, битно е да се биде внатре во Унијата и да се исполнуваат критериумите, а не од надвор.

Полска за евроинтегративните процеси на Западен Балкан особено Северна Македонија е едногласна и таа треба да стане земја-членка на ЕУ, тие процеси треба да бидат забрзани, истакна Червињска, претседателка на Групата.

Средата финишираше со покана за возвратна посета на полскиот Сејм од страна на Терлецски.

Треба да знаете
Последни објави