Search

Путин се појави во јавноста првпат по бунтот на Вагнер, но не кажа ниту збор за случувањата во државата

Рускиот претседател Владимир Путин денеска првпат и се обрати на јавноста по обидот за државен удар предводен од лидерот на паравоената група Вагнер, Евгениј Пригожин.

Претседателот се обрати пред учесниците на Меѓународниот младински индустриски форум „Инженери на иднината – 2023“ и на настанот не кажа ниту збор за последните случувања во државата.

Руските медиуми пренесоа дека претседателот на учесниците само им нагласил дека развојот и модернизацијата на индустријата останува приоритет за земјата.

-Владата ќе продолжи да го стимулира воведувањето на најновите технологии во различни индустрии, вклучително и производството на индустриска и енергетска опрема, рече претседателот.

Треба да знаете
Последни објави