Search

Петровска до ВМРО-ДПМНЕ: Ако сте против “еден народ во две држави” поддржете ги уставните измени

Вечерва во Тема на денот на Сител Телевизија, министерката за одбрана Славјанка Петровска истакна дека СДСМ има јасно дефиниран и непроменет став во однос на уставните измени и продолжување на патот кон Европската унија за Република Северна Македонија, но дека не ја гледа истата подготвеност кај ВМРО-ДПМНЕ.

“ВМРО-ДПМНЕ започнаа од тоа дека на прифаќаат уставни измени, за потоа да кажат дека прифаќаат уставни измени. Искрена да бидам, зборувам како граѓанин, растеретена од функциите. Прашањето и дилемата ми е: Што е спорно во уставните измени, кога Бугарија сама бара Бугарите да се пишат како малцинство во Уставот на Република Северна Македонија? Со тоа се побива онаа фама дека ние сме еден народ во две држави. Ако за ВМРО-ДПМНЕ ова е неприфатливо, односно Бугарите да бидат дел од Уставот, тогаш се плашам дека тие се сложуваат со таа реченица дека ние сме еден народ во две држави“, потенцираше Петровска

Во таа насока, Петровска истакна дека државничките прашања не смеат да бидат дел од изборна кампања и дека нема ништо спорно во уставните измени.

“Јас мислам дека треба да собереме политичка храброст и уставните измени не смееме ако и мислиме добро на државата да ги користиме како дел од предизборието кога и да се случи. Дали ќе биде во септември-октомври, следната година редовно… државнички прашања не смеат да бидат дел од изборна кампања. Минатото не потсетува дека ВМРО-ДПМНЕ има храброст кога е опозиција или пред избори, кога ќе дојде на власт таа храброст одеднаш ја снемува. Така беше со промената на знамето, ќе го враќаа старото знаме, така беше со неприфаќањето на ДУИ да биде дел од било која власт кога тие ќе бидат власт – ја прифатија, беа власт, така беше и со Преспанскиот договор којшто еве нивните градоначалници го прифаќаат, така што не верувам дека ќе покажат било каква храброст“, заклучи Петровска.

Треба да знаете
Последни објави