Search

На осомничениот за масовно убиство во селата кај Младеновац и Смедерево му се забранува да располага со својот имот

Судијата за претходна постапка на Вишиот суд во Смедерево донесе повеќе решенија со кои на осомничениот за масовно убиство во околината на Младеновац Урош Блажиќ, неговиот татко Радиша Блажиќ и вујко Горан Гавриловиќ им се забранува да располагаат со својот имот, поточно патнички моторни возила во нивна сопственост, како и сметки на банкарски средства.

„Адвокатите на повреденото семејство Паниќ од Дубона, чии две деца загинаа – синот Милан и ќерката Кристина, преземаат и други активности со цел да се соберат податоци за имотот на осомничените и да се достават соодветни предлози до судот за расветлување на сите релевантни факти и околности во оваа кривична постапка“, се вели во соопштението на адвокатите, пренесува Н1.

Урош Блажиќ изврши масовно убиство во селата кај Младеновац, само еден ден по пукањето во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград.

Блажиќ започнал да пука во населеното место Мало Орашје, а потоа се упатил кон Дубона. По масакрот побегнал, а потрагата по него траеше до раните утрински часови, кога беше пронајден на 50 километри подалеку, во близина на Крагуевац, каде се сокрил во куќата на роднини.

Треба да знаете
Последни објави