Search

Модриќ го продолжи договорот со Реал

 Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација Лука Модриќ го продолжи договорот со Реал Мадрид до 30 јуни 2024 година, соопшти денеска Кралскиот клуб.

Модриќ, кој во септември ќе го прослави својот 38 роденден, дојде во редовите на Реал во 2012 година и оттогаш освои 23 трофеи со шпанскиот гигант.

Во претстојната сезона ќе има можност да ги мине Карим Бензема и Марсело, кои освоија по 25 трофеи, најмногу во 121 години долгата историја на Кралскиот клуб.

Реал соопшти дека Модриќ во моментов е на заслужен летен одмор и ќе ѝ се приклучи на екипата пред почетокот на подготовките во САД.

Треба да знаете
Последни објави