Search

Лазаров меѓу првите 30 ракометари со кои се формира „Куќа на славни“ од ЕХФ

Македонскиот ракометен селектор Кирил Лазаров се најде меѓу првите 30. играчи кои оставија белег за развојот на овој спорт, со кои вечерва во Виена ќе биде промовирана новоформираната „Куќа на славните“ од страна на Европската ракометна федерација (ЕХФ).

Лазаров заедно со Стфансон и Наѓ е еден од тројцата десни бекови кои се најдоа во првиот бран на играчи со кои се отвора ново поглавје во ракометот.

Меѓу звучните ракометни имиња кои ќе бидат дел од првиот „бран“ за формирање на „Куќата на славните“ се: Штефан Кречмар, Ивано Балиќ, Талант Душебаев, Арпад Штербик…

Треба да знаете
Последни објави