Search

Кривичната постапка против шефот на Вагнер, Пригожин не е прекината

Кривичната постапка во Русија поради вооружан бунт од водачот на платеничката група Вагнер, Јевгениј Пригожин, останува отворена, а истрагата е во тек, објавија весникот „Комерсант“ и три големи руски новински агенции, повикувајќи се на неидентификувани извори.

Рускиот весник Комерсант објави дека случајот против Пригожин останува отворен и дека Федералната служба за безбедност (ФСБ) ја продолжува истрагата за случајот. Тој цитираше неидентификуван извор, кој рекол дека нема доволно време да се затвори случајот, пренесува Ројтерс.

Трите главни руски новински агенции – ТАСС, РИА и Интерфакс – исто така објавија дека случајот против Пригожин останува отворен и дека истрагата продолжува.

„Кривичната постапка против Пригожин не е прекината“, јави ТАСС, повикувајќи се на извор близок до обвинителството. „Истрагата е во тек.“

Затворската казна според руските закони за вакво кривично дело е од 12 до 20 години.

Треба да знаете
Последни објави