Search

Уапсена е жената која влезе во банка во Херцег Нови и од туѓа сметка подигна 1,3 милион евра!

Три лица уапсија полициите на Црна Гора и на БиХ во врска со измама вредна 1,3 милион евра која ја водела Ивана А. Таа на 12 април годинава дошла пред банката „Ловќен“ во Херцег Нови и ја подигнала оваа невероатна сума во форма на два платни налози од 1,2 милиони долари и 230.000 евра, пренесува Индекс.

Ивана ги подигнала парите од туѓа сметка на жена од Будва со иницијали М.О. Таа претходниот ден(11 април) успеала да го докаже својот идентитет со лажна лична карта додека била на средба со управителот на експозитурата на банката „Ловќен“. Тоа се случило околу 13 часот, а возилото со кое дошла било на соучесник во криминалот со името Марко Д.

Ивана се договорила да ги подигне сите пари од сметката следниот ден околу 15 часот, но подоцна преку Вибер му се јавила на управителот и му рекла да ги подигне парите порано, околу 10 часот и 30 минути.

Така и биднало. За разлика од претходниот ден кога дошла со Марко, Ивана да ги собере парите дошла со такси.

Полицијата на Црна Гора и на Босна и Херцеговина уапси три осомничени лица во големата акција. Меѓу осомничените е и Саша К., од чиј мобилен Ивана му се јавила на управителот на експозитурата.

Но, при повикот од Вајбер управителот на екранот го видел испишан мобилниот на М.О., вистинската сопственичка на сметката.

Полициската акција беше спроведена истовремено во Требиње и Бања Лука, каде што беа претресени простории што ги користеа три лица. Откриени и одземени се околу 25.000 евра, поголема количина оружје и муниција и околу три килограми марихуана.

Треба да знаете
Последни објави