Search

Земјотрес утрово ја разбуди Хрватска

Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала рано утрово ја разбуди Хрватска.

Според EMSC, земјотресот е регистриран во 05:45 часот по локално време.

Епицентарот на земјотресот бил на десет километри од градот Сисак, а длабочината на ударот била пет километри.

На официјалната веб-страница на EMSC имаше коментари од жителите во и околу Сисак, кои ги споделија своите искуства со овој земјотрес. Повеќе од 300 луѓе го пријавиле овој земјотрес, според EMSC.

Треба да знаете
Последни објави