Search

Претреси во скопска Гази Баба, пронајдена дрога, приведени три лица

На 24.06.2023 од страна на Единицата за недозволена трговија со дрога, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при Одделот за криминалистичка полиција и Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје, со поддршка на Единицата за интервентна полиција лишени од слобода се Н.П.(38), В.К.(50) и М.Ч.(31), сите од Скопје.

Имено, при претреси на две локации на подрачјето на Гази Баба, извршени со судска наредба,  во домот на Н.П., каде била затекната и В.К., со која живеел во заедница, биле пронајдени марихуана во процес на сушење, дигитална вага и поголем износ на пари за кои постои сомнение дека потекнуваат од недозволена продажба на дрога, а во домот на М.К. пронајдени се тегла со марихуана, 2 пакувања со марихуана, 15 ќесички со марихуана подготвени за продажба, една дигитална вага со остатоци од дрога.

Лицата се приведени и задржани во полициска станица и против нив ќе бидат поднесени  кривични пријави за извршени кривични дела по член 215 од Кривичниот законик.

Треба да знаете
Последни објави