Search

Културнo лето Кисела Вода: Утро за децата, а вечерва во Расадник пее Петар Грашо

Сончевиот саботен ден одлично го искористија сите дечиња кои присуствуваа на настанот организиран од Општина Кисела Вода, одржан во рамки на Културното Лето. Најпрво настапи најнаградуваниот хор од  ООУ,,Кузман Јосифовски Питу”, а потоа следеа Игри без граници. Учествуваа дечињата од градинките 8 Март и Весели Цветови, но и сите дечиња кои дојдоа во публика. Радосни и насмеани, играа и пееја, а беа забавувани од маскотите Маша и Медо, како и од неколку аниматори. За крај, играа зумба и латино танци заедно со Данса Латина Стефи.

На истата локација, пред салата Расадник од 21 часот вечерва најавуваме спектакуларна забава која ќе започне со Жаре Бербер и Галама Бенд, а веднаш по нив, од 22 часот, следи голем концерт на хрватската и балканска ѕвезда Петар Грашо.

Треба да знаете
Последни објави