Search

СДСМ: Кој е заедничкиот интерес на ДПМНЕ-Левица со партии од Бугарија?

Против Резолуцијата на германскиот Бундестаг се само партии од Бугарија и ДПМНЕ-Левица.

Во усвоената Резолуцијата на германскиот Бундестаг се дава силна поддршка за европскиот пат на земјава, но исто така се признава македонскиот идентитет, јазик и култура.

Прашањето е кој е заедничкиот интерес на ДПМНЕ-Левица со овие партии од Бугарија?

“Германскиот Бундестаг ги признава македонската култура, идентитет и јазик. Во Европската Унија, која се карактеризира со голема разновидност на јазици и култури, јазиците се составен дел од нашето заедничко културно наследство.

Јазичната разноликост се практикува во повеќејазичноста на програмите и во работата на институциите. Македонскиот јазик и култура дополнително ќе ја збогатат оваа разноликост. Европската Унија го смета зачувувањето и заштитата на ова богатство како една од нејзините најважни задачи”

Ова се извадоци од Резолуцијата против која се само ДПМНЕ-Левица и партии од Бугарија.

Зошто ДПМНЕ-Левница е против признание на македонскиот идентитет, јазик и култура?

Треба да знаете
Последни објави