Саудиска Арабија ја повлече кандидатурата за домаќин на СП во 2030 година

Саудиска Арабија официјално се повлеќе од трката за домаќин на Светскоот првенство во 2023 година.

Саудиска Арабија, Египет и Грција беа силни кандидати за организација на Мундијалот во 2030 година, но тој план нема да биде реализиран. Пред Саудиска Арабија, од кандидатурата за повлече и Египет.

Министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, Фајсал бин Фархан Ал Сауд ги известил претставниците на двете земји, Грција и Египет, дека земјата се откажува од големиот проект.

Откако овие три земји се повлекоа од трката, главен фаворит за домаќин на Мундијалот во 2023 година е кандидатурата на Шпанија, Португалија и Мароко.

Покрај Шпанија, Португалија и Мароко, заедничка кандидатура за домаќин на СП поднесоа Аргентина, Чиле, Уругвај и Парагвај.

ФИФА ќе го избере домаќинот на Светското првенство во септември следната година.

Следното Светско првенство, како што е познато, го организираат САД, Канада и Мексико -е закажано за 2026 година.

Треба да знаете
Последни објави