Хаџибегиќ веќе не е селектор на БиХ

 Фарук Хаџибегиќ веќе не е селектор на Босна и Херцеговина, ја потврди денеска босанската фудбалска Федерација (НС БиХ) одлука која беше очекувана по серијата слаби резултати во квалификациите за ЕУРО2024.

„Претпладнево имаше разговор меѓу претседателот на НС БиХ, Вицо Зељковиќ, директорот на репрезентацијата Звездан Мисимовиќ и Хаџибегиќ, и договорен е спогодбен раскин на соработката со овој стратег“, се наведува во кусото соопштение.

БиХ под водство на Хаџибегиќ одлично стартуваше во евроквалификациите совладувајќи го Исланд со 3-0 на домашен терен.

Меѓутоа, уследија гостински порази од Словачка (0-2) и Португалија (0-3), а незадоволството кулминираше со поразот на домашен терен претходно оваа недела од Луксембург (0-2). 

Треба да знаете
Последни објави