Search

Агелер: Институциите во С. Македонија се на потег, а името на Мерко не е единственото што се разгледува во Вашингтон

Институциите во Северна Македонија се на потег. Треба да одлучат дали сакаат да дејствуваат или да истражат. Се надеваме дека е испратена пораката до оние кои ги злоупотребуваат функциите за кои се избрани од граѓаните, дека ќе одговараат и дека не се добредојдени во САД, посочи за „Телма“ амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер, за ставањето на американската црна листа на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко.

-Законот на САД бара од државниот секретар да именува поединци за кои имаме веродостојни докази за корупција и јавно да ги именува лошите актери – преку укинување на правото за влез во САД со ова означување, што е начин да покажеме дека ја поддржуваме борбата на Северна Македонија против оваа болест на нечесноста. Ова го правиме на глобално ниво за да го поттикнеме владеењето на правото и да им покажеме на оние кои работат на одговорност ширум светот дека ја имаат нашата поддршка, вели Агелер.

Амбасадорката на САД посочува дека мора да имаат силни докази за да ги докажат наводите за корупција, а кога ќе ги докажат, според американскиот закон, мора да им одбијат влез на оние кои ја злоупотребиле својата моќ. Според Агелер името на градоначалникот Мерко, не е единственото што внимателно се разгледува во Вашингтон.

Треба да знаете
Последни објави