Search

Судир меѓу патнички воз и камион во Чешка, 21 лице е повредено меѓу кои и ученици

На северот на Чешка, 21 лице е повредено при судар на патнички воз со камион, соопштија денеска властите.

Државната агенција за спасување, соопшти дека девет патници во возот се здобиле со малку посериозни, а 12 со полесни повреди.

Полицијата соопшти дека меѓу 65-те патници имало и 19 ученици.

Несреќата се случила попладнево во близина на градот Либерец, а истрагата за причините е во тек, јавува „Н1“.

Треба да знаете
Последни објави