Search

Курти ќе оди во Брисел на средбата што ја свика Борел, ќе инсистира на итноослободување на тројцата полицајци

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека во четврток, на 22 јуни, ќе отпатува за Брисел на средба свикана од високиот претставник на Европската унија (ЕУ), Жозеп Борел, по зголемените тензии на северот на Косово.

„Утре патувам од Рим за Брисел, го потврдувам моето учество во дијалогот на високо ниво“, напиша Курти на својот Твитер профил.

Тој рече дека ќе инсистира на итно и безусловно ослободување на тројцата косовски полицајци, за кои Косово тврди дека биле „киднапирани“ од српските сили.

Србија, пак, наведува дека ги уапсила косовските полицајци бидејќи влегле на нејзина територија.

Претходно, на 21 јуни, портпаролот на Европската унија, Петер Стано, изјави дека очекува Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ позитивно да одговорат на поканата за средба.
Извори на Радио Слободна Европа наведуваат дека Курти и Вучиќ нема директно да се сретнат.

Вучиќ претходно изјави дека допрва треба да одлучи дали „технички“ ќе се појави на состанокот, истакнувајќи дека нема да разговара со Курти.

Треба да знаете
Последни објави